Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАВИРУС ВО СОСЕДСТВОТО: Веќе има заболен во Косово?

КОРОНАВИРУС ВО СОСЕДСТВОТО: Веќе има заболен во Косово?

Еден сомнителен случај на коронавирус денеска e oткриен во Косово. 

Националната Институција за Јавно Здравје сепак објави дека во Косово нема случаи на коронавирус. Пациентката за која имаше сомневања дека е заразена од корнавирус, е тестирана, и резултатите се негативни.

Претходно, министерот за здравство, Арбен Витиа изјави дека на инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово се третира еден сомнителен случај на лице заразено од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Витиа рече дека претпоставува дека станува збор за обичен грип. 

„Можностите за појава на случаи со коронавирус во Косово се реални, меѓутоа ние се подготвуваме за да ги преземеме потребните мерки. На инфективната клиника се појави еден сомнителен случај, но не треба да се крева паника, затоа што претпоставуваме дека се работи само за грип“, изјави Витиа при денешното пуштање во употреба на лабораторијата за микробиологија.

На приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ се направени сите потребни подготовки за контрола на патниците кои доаѓаат од Италија.

Коронавирусот се рашири и во Италија, поради што има страв кај Македонците кои работат во оваа земја. 

Во Италија уште едно лице почина од коронавирус, односно вкупниот број на починати е четири лица.

Слично

Поврзани вести