Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНАТА НЕ ИМ МОЖЕ НИШТО: Десет држави многу брзо ќе закрепнат економски

КОРОНАТА НЕ ИМ МОЖЕ НИШТО: Десет држави многу брзо ќе закрепнат економски

Би Би Си наведе неколку земји кои имаат голема шанса да ја одржат економската стабилност и покрај кризата предизвикана од коронавирусот.

Десет држави со најголеми шанси за брзо закрепнување се Норвешка, Данска, Швајцарија, Германија, Финска, Шведска, Луксембург, Австрија, земјите од Централна Америка и Велика Британија.

Високо на листата се  Сингапур, САД, Руанда и Нов Зеланд.

Сингапур има навистина моќна економија, низок политички ризик, добра инфраструктура и низок степен на корупција. 

Руанда има голем скок во индексот последните неколку години, односно својата позиција ја подобри за 35 места на листата и сега го зазема 77. место во светот. 

Нов Зеланд брзо го запре ширењето на вирусот, затворајќи ги границите за меѓународни патници на 19. март. 

Од регионот најдобро рангирана е Хрватска. 

Таа се најде на 37-то место, потоа следи Словенија (42), Грција (56), Србија (63), Албанија (95). 

Македонија на оваа листа е на 100-то место.

Слично

Поврзани вести