КОРОНАТА „КОСИ“ ВО СРБИЈА: Почина возач на Брза помош, тој претходно ги изгубил сопругата и мајката
Во Србија коронавирусот однесе во смрт цели семејства.
Српските медиуми пишуваат дека почина возач на Брза помош, а претходно од ковид ги загубил сопругата и мајка си.
Четириесет и шестгодишниот возач на Брза помош Д.М. од Белград вчера починал по компликации предизвикани од коронавирусот во КБЦ „Звездара“. Неговата мајка и сопругата починале со разлика од седум дена. Таткото на починатиот возач сега е во болница. Починатиот возач има две деца. На денот на смртта на мајката, 16-годишниот син бил пренесен на педијатрија на КБЦ Драгиша Мишовиќ.
Во Србија и понатаму бројките на заразени и починати се во постојан пораст. Вчера имаше 7.840 позитивни, а 63 пациенти починале.
Слично
