КОРОНАТА ИМ ГИ УРНА НАДЕЖИТЕ: Најмалку 5 милиони луѓе останаа без работа
Во САД десетгодишните напори за намалување на невработеноста се урнати за период од еден месец.
Коронавирусот создаде хаос на пазарот на труд.
Најмалку 5 милиони Американци пред неколку дена доставиле барање за бенефиции поради невработеност.
„Блумберг“ пренесува дека веќе се збришани постигнувањата за отворање на нови работни места.
На ова се работеше една деценија, но короната направи штети на американската економија.
Ширум Европа и светот, милиони луѓе ги губат работните места, а експерти прогнозираат дека оваа криза ќе создаде нови професии, но и ќе придонесе одредени занимања да бидат многу барани.
Слично
