Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРОНА СЕ ПОЈАВИ И ВО КОСОВО: Потврдени се два случаи

КОРОНА СЕ ПОЈАВИ И ВО КОСОВО: Потврдени се два случаи

Потврдени се првите два случаи на заразени од коронавирус во Косово. 

Косовскиот премиер Албин Курти и министерот за здравство Арбен Витиа на вонредна прес-конференција попладнево објавија дека се регистрирани првите два случаи на заразени од коронавирус во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Витиа информира дека се работи за 20-годишна италијанска државјанка и 77-годишен косовски државјанин.

Курти најави дека за вечерва е закажана вонредна седница на Владата за ситуацијата со коронавирусот, на која ќе се одлучува и за евентуалното затворање на граничните премини. 

Во регионот, во Загреб денеска е откриено дека е заразено дете кое одело во градинка. 

Во земјава има четири нови случаи. 

Слично

Поврзани вести