Корисник: Samsung Galaxy S8 Plus ми е најдобар „колега“ на работа
На модерните професионалнци кои се во постојано во движење неопходен им е квалитетен мобилен телефон со кој ќе имаат целосен пристап до сите бизнис алатки кои ги користат во текот на денот, како брзо одговарање на мејл пораки, препраќање на документи и нивно безбедно чување и секако сигурна комуникација со нивните колеги или претпоставени. Затоа решивме да ги анкетираме корисниците на Samsung Galaxy S8 Plus како смартфон кој во последниот период најмногу се издвои со своите бизнис алатки, големата меморија, квалитетната камера и секако совршениот дизајн, па да го видиме нивното мислење.

Фактор: Како ви се допаѓа новиот изглед на Samsung Galaxy S8 Plus со неговиот голем екран но, многу компактно тело со минимална рамка?
Корисник: Новиот изглед е спектакуларен и очигледно е дека Самсунг со овој телефон почнува нова ера на изглед на мобилните телефони.
Фактор: Што би издвоиле најмногу од софтверот на Samsung Galaxy S8 Plus, кои апликации најмногу ги користите?
Корисник: Од сите најдобра е KNOX - го прави целиот мобилен уред безбеден за чување најразлични податоци.

Фактор: Дали го користите Samsung Galaxy S8 Plus за професионални потреби, како проверка и испраќање мејлови, креирање планови и белешки, користење на календарот за обележување на обврските и поврзување со вашите колеги или соработници?
Корисник: Од понеделник до петок овој телефон ми е најдобар колега од работа :) Уредот дефинитивно ги олеснува секојдневните работни задачи. Најчесто го користам за проверка и испраќање на мејлови, но и за кратко едитирање на текстуални содржини.
Фактор: Колку сте задоволни од безбедноста на Samsung Galaxy S8 Plus која ја нуди со KNOX системот?
Корисник: Системот KNOX е исклучетелно добар и практичен со оглед на тоа што телефонот го дели на два дела - приватен и службен, што е одлично за работа.

Фактор: Издржливоста на батеријата е приоритет за сите модерни корисници кои „зависат“ од својот телефон. Какво е вашето искуство со полнењето на Galaxy S8 Edge Plus?
Корисник: Батеријата кај овој телефон трае околу 24 часа, што за ваков тип на телефон е супер, со помош на уредот успевам да ги завршам сите свои обврски во текот на денот, без да ја изневери мојата доверба.
Фактор: Колку често ја користите камерата на Samsung Galaxy S8 Plus и дали сте задоволни од селфи фотките?
Корисник: Камерата на овој телефон е одлична. Посебно ми се допадна квалитетот на сликите кои ги вади под вода – нешто што максимално го искористив за фотографии од мојот годишен одмор. Ми се допаѓа и тоа што овозможува креирање на .GIF формат, интересно за сите кои се зависници од социјалните мрежи и сакаат да се во тек со содржините кои се објавуваат на нив.

Фактор: Освен за професионални задачи за што друго Samsung Galaxy S8 Plus најмногу ве воодушеви?
Корисник: Звучниците на овој телефон се одлични. Заедно со телефонот доаѓаат и АКГ слушалки со кои слушањето на музика е феноменално.
Фактор: Дадете ни некој ваш совет за подобро и поефикасно користење на Samsung Galaxy S8 Plus?
Корисник:Галакси С8 + го препорачувам на професионалци кои имаат потреба од уред кој во секое време ќе им биде при рака за завршување на сите секојдневни обврски, без разлика на тоа каде се наоѓаат. Исто така, за сите оние кои се љубители на фотогарфија, видео и зависници од одличен звук, овој телефон нуди можности за бескрајно уживање во мултимедијалните содржини.
A.M.
