Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОРИСНИЦИТЕ НА СЕФОВИ ДА БИДАТ МИРНИ: Ќе си ги земат вредните предмети откако ќе почне со работа стечајниот управник

КОРИСНИЦИТЕ НА СЕФОВИ ДА БИДАТ МИРНИ: Ќе си ги земат вредните предмети откако ќе почне со работа стечајниот управник

Дел од граѓаните на земјава имаа и оставено свои вредни предмети, накит, документи, хартии од вредност или пари сефовите на Еуростандард банка.
Тие се интересираат што ќе се случи со овие нивни вредни предмети.
Народна банка испрати информации и за тоа што треба да направат корисниците на граѓански сефови во Еуростандард банка.
„Физичките лица кои користеле сеф во трезорот на „Еуростандард банка“ АД Скопје, по отпочнување со работа на стечајниот управник ќе можат да ги подигнат своите предмети од вредност. Овие предмети се нивна сопственост и не може да бидат задржани во текот на стечајната постапка“, децидни се од Народната банка.
Костовски за Фактор изјави дека ова е двојна игра на Народна банка, и дека цела година ја држеле банката под мерки, што не и дозволувале на банката да работи и да ја надмине неповолната состојба. 

Агенцијата за супервизија на осигурувањето соопшти дека осигурителниот пазар во земјава е пезбеден целосно, по одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка. 

Слично

Поврзани вести