Корисниците на Ајфон дискриминирани: За нив нема апликација за поврат на ДДВ?
Стартува новата апликација преку која граѓаните ќе може да прават поврат на ДДВ кое го платиле преку целата година.
Она што треба да го прават граѓаните е да ги собираат фискалните сметки од производите кои ги купиле и услугите кои ги добиле, а за кои платиле најмногу 30.000 денари.
Сепак уште пред да почне да се применува оваа апликација, кај корисниците на ајфон телефони истата не е достапна.
Во Apple store апликацијата „Мој ДДВ“ воопшто не постои, алудираат од утринава граѓанитеи покрај најавите дека апликацијата ќе биде достапна и за Google play store
и Apple store.
Имено, за денеска е закажана прес конференција на која од УЈП ќе ги презентираат техничките можности преку коишто граѓаните ќе може да го користат правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.
Апликацијата „Мој ДДВ“ може да ја преземете од овој линк.

