Економија, финансии, бизнис

Контакт

Корисна средба на Груевски и Заев!

Корисна средба на Груевски и Заев!
Нема детали од преговорите, но средбата е оценета како корисна.  Преговорите во Стразбур помеѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ и актуелен премиер, Никола Груевски, и лидерот на СДСМ, Зоран Заев траеле 10 часа, а завршиле во 3.30 часот по полноќ, но непознат е исходот, јави дописникот на МТВ Тони Гламчевски. Разговорите со посредство на претставниците на ЕУ треба да доведат до изнаоѓање решение на политичката криза во Македонија. Состанокот се одржа во присуство на комесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит. „Средбата не беше залудна и вредеше што се одржа“, оцени известувачот за Македонија при ЕП, Иво Вајгл. Во делегацијата на Заев биле Рената Дескоска и Роберт Поповски, а на Груевски, Мартин Протуѓер, Никола Тодоров, Никола Попоски, Сашо Мијалков, и пратеникот Владко Ѓорчев. Вчера во клубот на пратеници се одржа и втората лидерска средба на четирите најголеми партии, на која покрај Груевски и Заев, присуствуваа и Али Ахмети и Мендух Тачи, која заврши без договор. Заев после состанокот за новинарите изјави дека очекува во Стразбур да слушне конкретни предлози кои потоа ќе бидат разгледани на наредниот состанок на 26 мај во Скопје. Соопштение од средбата се очекува наскоро.
Слично

Поврзани вести