Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коридорот 8 нема да го финансира Брисел

Коридорот 8 нема да го финансира Брисел

Брисел нема да го финансира Коридорот 8, потврдија за 24 вести од Европската комисија.

„Транспортниот проект кој земјата го поднесе попознат како Коридор 8 ќе се разгледува штом ќе се адресираат проблемите во тој сектор во поглед на стратегија и координација. Земјата треба да се фокусира на меки мерки кои би ја осигурале одржливоста на големи инфраструктурни инвестиции“ - изјави портпаролката на комисијата Маја Коцијанчич.

Донесена е одлука за кратење на плус 69 милиони евра, пари од ИПА фондови, од што штета ќе трпи и Коридорот 8. Можно е ЕУ да ги одземе надлежностите на земјава да менаџира со ИПА фондовите.

Претходно Европската Комисија одлучи да суспендира 27,1 милион евра од ИПА фондовите за Македонија. Тоа беше првиот бран санкции поради некооперативноста на домашните фактори во процесот за решавање на политичката криза во Македонија. Дел од политичарите и политичките субјекти објаснуваа дека сепак не се работи за санкции.

Слично

Поврзани вести