„Коридор на Србија“ платиле два милиони евра на консултанти-добиле неточна стратегија
Српското Јавното претпријатие Коридори на Србија платиле два милиони евра на француската консултантска компанија Луис Берже фирма за изработка на стратегија за безбедност во сообраќајот, но нацртот што треба да се усвои на седница на Владата е предаден со терминолошки грешки, неточни податоци, непотполни информации и без стратегија за општините, објави Блиц.
Според весникот, на тендер пред две години фирмата Луј Берже победила за изработка на најважен документ за државата за безбедност во сообраќајот.Французите победиле со цена од 994.000 евра, сума што им била исплатена. Во меѓувреме, таа компанија за услуги побарала дополнителни 900.000 долари и 206 илјади евра што исто така им биле исплатени.
Во документот тие навеле низа грешки – БДП по глава на жител во Србија за 2010 година напишале сума од 8.853 евра иако вистинската цифра била 3.981 евро. Весникот тврди дека трошоците од сообраќајки не се точни и не е можно заради низа грешки да се воочат заштеди што би се добиле со унапредување на безбедноста во сообраќајот.
На четвртата страница од документот оставени се три точки и простор каде предговор би напишал министерот за сообраќај. Експерти велат дека тоа е голем пропуст бидејќи министер не може да допише на веќе завршена стратегија туку тој мора активно да учествува во изработката со совети инструкции и консултации.
Голем дел од табелите и дијаграмите се напишани на англиски јазик, а не на српски, наведува Блиц.
Слично
