Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кореја оди 10 милијарди во минус заради Олимпијадата

Кореја оди 10 милијарди во минус заради Олимпијадата

Република Кореја или повеќе позната како Јужна Кореја ќе забележи загуба од околу 10 милијарди американски долари поради големите трошења за организирање на Зимските олимписки игри во северниот ресорт Пјонгченг кој и по бројните инвестиции во инфраструктурата и натаму е одалечен 2 часа патување со експрес воз од главниот град Сеул.

Според анализите на професорот Ендрју Зимбалист од Смит колеџот, Јужна Кореја вложила околу 13 милијарди долари во изградба на зимските терени каде ќе се одржуваат натпреварите од ЗОИ 2018, потоа олимпиското село, целосната инфраструктура и вложувањата во сместувачките капацитети за посетителите и навивачите.

Сепак, и со големата публика која ќе ја проследи Олимпијадата за десетина дена Јужна Кореја ќе заработи нешто над 2 милијарди долари, што значи ќе прокнижи голема загуба. 

Проблемот е што досега ниту еден град не видел економски бум од организирање на олимписки игри бидејќи потоа терените се распаѓаат и се целосно напуштени бидејќи нема кој да се натпреварува, ниту пак туристите се враќаат да го посетата местото каде освен пропадната инфраструктура нема ништо друго.

Друг проблем на Јужна Кореја е што нејзините жители и не се големи фанови на зимските спортови, па така центарот кој е изграден сега во Пјонгченг не би имало кој понатаму активно или интензивно да го користи што исто така ќе генерира дополнителни загуби во наредните години.

Слично

Поврзани вести