Економија, финансии, бизнис

Контакт

Копиите на акредитивните писма Боцевски ги предаде во Бразилија

Копиите на акредитивните писма Боцевски ги предаде во Бразилија

Амбасадорот на Република Македонија во Бразил, Ивица Боцевски ги предаде копиите на акредитивните писма на Сержио Франса Данезе, генералниот секретар на бразилското Министерство за надворешни работи.

Церемонијата на предавањето на копиите на акредитивните писма  се одржа во палатата Итамарати во главниот град Бразилија.

„Во разговорот по церемонијата на предавањето на копиите од акредитивите генералниот секретар Данесе истакна дека Бразил високо го цени отворањето на македонската амбасада во Бразилија, кое што воедно е и прво македонско дипломатско претставништво во Јужна Америка. Амбасадорот Боцевски искажа дека претставува висока чест и задоволство да ја претставува Македонија во Бразил, како и дека ќе настојува да ги продлабочи пријателските односи помеѓу двете земји во сите сфери, а посебно ги истакна потенцијалите за проширување на взаемната економска соработка“ - информираат од МНР.

Двајцата се согласиле дека не постојат никакви пречки за унапредување на взаемните односи и дека постои широко поле за развивање и унапредување на соработката.

Слично

Поврзани вести