Економија, финансии, бизнис

Контакт

Копач: Македонија напредна во енергетските реформи, да им плаќа на нафтените компании за резервите

Копач: Македонија напредна во енергетските реформи, да им плаќа на нафтените компании за резервите

Директорот на Секретаријатот на Европската енергетската заедница Јанез Копач кој денеска беше дел од собраниската Комисија за економски прашања во законодавниот дом го потенцираше напредокот на земјава во енергетските реформи но внимание посвети и на прашањето кое се однесува на нафтените резерви.

Тој меѓудругото и порача на државата да ги подмирува навремено долговите кон компаните за нафтените резерви.

Копач вели дека државата мора што побрзо да им плаќа на компаниите кои се чувари на резервите на нафта и за ова прашање беше сугерирано и претходно..

Владата, како што посочи Копач му дала уверување дека подзаконските акти од Законто за енергетика набрзо ќе се донесат.

„Нивото на нафтените резерви во Македонија кое беше највисоко во целата енергетска заедница се намали, а причината се нерешените односи помеѓу сопствениците на нафтени резерви, ОКТА, Макпетрол и државата, и по четири  години од усвојувањето на Законот. Но, добивме уверување од Владата  дека  во следните месеци овој спор ќе биде решен, а тоа мора да биде направено со усвојување на подзаконски акти кои ќе наметнат цена на надоместот за сопствениците кои ги чуваат нафтените резерви, истакна Копач.

Фактор веќе пишуваше дека Македонија е единствена земја во која не се плаќа компензацијата, туку со посебна уредба чуварите може да користат 30 отсто од резервите. 

Слично

Поврзани вести