Конвој со 20 сирачиња од Луганск пристигнува во Словенија
Конвој од 20 деца без родители од Украина и нивната придружба тргна за Словенија, каде ќе бидат сместени во селото Славина кај Постојна, потврди командирот на Цивилната заштита, Санди Цурк. кој верува дека сираците за брзо време ќе ја минат границата со ЕУ, пренесува словенечки Дневник.
Покрај 20 деца на возраст од една до седум години, во конвојот има и тројца лекари, неколку медицински сестри и воспитувачи и нивните деца, објасни Цурк.
Рутата на конвојот претставува уникатен предизвик, „бидејќи има неколку сообраќајни метежи и пречки низ територијата на Украина“.
Курк не можеше да предвиди кога конвојот од Луганск би можел да пристигне во Словенија. Сепак, тој увери дека ќе ја информираат јавноста кога децата ќе бидат сместени во Словенија.
Станува збор за деца без родители од домот за сираци во Луганск бр. 2. Во Словенија доаѓаат во придружба на стручен штаб од Украина и нивните деца. Во Словенија доаѓаат вкупно 38 бегалци од Украина, покрај 20 сирачиња и 18 придружници, меѓу кои тројца лекари и четири медицински сестри.
Градоначалникот на Постојна, Игор Марентич, пред неколку дена изјави дека се е подготвено за доаѓањето на украинските деца и дека и мештаните секојдневно нудат помош за децата во Словенија да се чувствуваат што подобро.
Веднаш по пристигнувањето, децата ќе бидат медицински прегледани, по што нивните старатели ќе побараат на децата да им се додели статус на лица под привремена заштита според Законот за привремена заштита на раселените лица.
