Економија, финансии, бизнис

Контакт

Контроверзниот Сорос сака да ја купи Галеника

Контроверзниот Сорос сака да ја купи Галеника

Контроверзниот американски бизнисмен и милијардер од унгарско потекло, Џорџ Сорос, кој пред неколку недели го купи „Данјуб фудс груп“ во чие сопствеништво се Имлек, Бамби, Књаз Милош и Суботичка млекара, е заинтресиран и за приватизација на Галеника, јавуваат српските медиуми.

Како што пишуваат медиумите, тој испратил писмо на заинтресираност преку својот фонд „Quantum strategic partners LTD“ уште во октомври, кога Агенцијата за приватизација објавила дека ќе приватизира 502 фирми во дирекно сопствеништво.

Како што се наведува, Соросовото интересирање не значи и дека ќе влезе во преговори со српските власти, бидејќи и понатаму се чека на одлука за методот на приватизација. Освен тоа, и конкуренцијата е голема, а меѓу писмата за плановите се наоаат и неколкумина кои станале големи играчи ви фармацевтската индустрија, пишува „Денес“.

За српската фабрика на лекови се заинтересирани и пет физички лица, два од Србија и по еден од Канада, Бугарија и БиХ, како и домашната фирма Гама систем, која на агенцијата и испратила најмногу необврзувачки понуди за купување на компанијата.

Тука се и неколку помалку познати компании и инвестициони фондови од Русија, Јужна Африка, Чешка и Кипар, но на списокот се и српскиот огранок на швајцарската куќа „Рош“ и унгарската ВМД хоспитал технолоџи“.

„Рош“ има стогодишна традиција и високи референци во производството на лекови, посебно од областите на онкологијата, додека ВМД се занимава со набавка на медицинска опрема и проектирање на медицински системи.

Како што пишува „Данас“ меѓу сериозните се и „Тера партнерс асет менаџмент“ од Малта, менаџерот на инвестициониот фонд „Ворлдвајд опортјунити“ од Кајманските острови, кој се занимава со вложување на пазарите во развој, а е еден од главните акционери на црногорскиот Телеком.

Слично

Поврзани вести