Економија, финансии, бизнис

Контакт

Контроверзни информации: Жерновски веќе слави, а Тодоровиќ имал тесно водство!

Контроверзни информации: Жерновски веќе слави, а Тодоровиќ имал тесно водство!
Игор Ивановски, шеф на изборниот штаб на зружената опозиција, пред малку откако беше потврдена победата на Андреј Жерновски, им се заблагодари на граѓани кои покажале и докажале, како што рече, дека победата во Центар е победа на граѓаните кои се за подобра иднина, објави пред малку Плус инфо. Плус инфо јавува за победа со повеќе од 3.000 гласа. Жерновски се заблагодари на целосната поддршка која ја имал денеска од колегите пратеници од опозицискиот блок, но и од дипломатскиот кор, кои, како што рече, ја штителе демократијата на гласачките места. - Мојата победа е изборена по трет пат со тоа што во првиот круг противкандидат на граѓаните им беше Владимир Тодоровиќ, во вториот круг Никола Груевски, а денеска противник на власта и беше народот. Оваа победа е јасен доказ дека волјата на народот насила никој не може да ја смени . Многу му благодарам на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, чии драгоцени совети доведоа до оваа наша заедничка победа - изјави Жерновски. Малку порано пак, порталот Пресс 24, објави дека Владимир Тодоровиќ е во тесно водство од нешто под 80 гласа по пребројување на гласовите од 5 избирачки места од вкупно 29 во колку што се прегласува во општина Центар. Пресс 24 пишува дека според податоците објавени на веб страната на Државната изборна комисија, Тодоровиќ има освоено 7340 а неговиот потивкандидат, Андреј Жерновски 7265 гласа. Треба да се напомене дека во овие 5 избирачки места, Жерновски практично ја надместил предноста од 400 гласа, која Тодоровиќ ја имаше уште пред стартот на прегласувањето. Во Центар денеска се прегласуваше на вкупно 29 избирачки места.
Слично

Поврзани вести