Економија, финансии, бизнис

Контакт

Контролата за летање за четири години е во загуба 7 милиони евра

Контролата за летање за четири години е во загуба 7 милиони евра

За четири години Контролата за летање е обезвреднета за 7 милиони евра. Синдикатот на МНАВ преку соопштение предупредува дека државата како сопственик на Контролата на летање загубила 8 милиони евра од кои 1 милион по основа на неплатен данок, а притоа институциите не се заинтересирани тоа да го спречат.

Се соменават дека зад целата работа стојат лични и бизнис интереси кои на крајот ќе завршат со концесија на македонското небо.

Изнесувајки детали од конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештај и ревизија на усогласеност за 2011 година од Синдикатот пишуваат дека сите набавки се направени со прекршување на Законот за јавни набавки, како за набавка на гуми за возила, изнајмување на канцеларсики простор на Бит пазар, договори за превоз на вработени.

Меѓу другото се наведува дека менаџирите планирале да земат кредит од 17 милиони евра за купување на нова опрема и да ја заменат постоечката која е исправна и ги задоволува меѓународните стандарди, објавува „Телма ТВ“.

Слично

Поврзани вести