КОНТРОЛА: Како функционираат управителите на зградите?
Како функционираат зградите во Скопје. По воведувањето на управители во дел од нив и после 6 години откако постојат лиценци, велат дека се уште не добиваат фактури туку сметкопотврди, што не е во согласност со законите.
Од Групацијата за домување и управување со станбен и деловен простор во Стопанската комора на Македонија, бараат од власта да се зајакне надзорот на лиценцираните управители преку државно инспекциско тело за домување и мерки за одземање на лиценците.
Дел од нив сведочат за малверзациите што ги прават нивните колеги. „Најчесто имаме проблем со примопредавањето на документите од кои треба да знаеме дали зградата има долгови, колку пари има собрано во резервниот фонд и дали се тие ненаменски трошени“ вели еден управител, додавајќи дека пробемите се решаваат на различни начини, најчесто преку суд
Над 50 отсто од станбените згради, или околу 10.000 имаат ангажирано управители или именувано претседатели на станбени единици.
Слично
