Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНТРОЛА КАЈ СИТЕ УВОЗНИЦИ НА ГОРИВА: Николовски најавува одговорност за прекршителите

КОНТРОЛА КАЈ СИТЕ УВОЗНИЦИ НА ГОРИВА: Николовски најавува одговорност за прекршителите

Утре треба да се финишираат анализите на сите информации во врска со истрагата за увозот на течни горива, а во вторник Владата ќе ги соопшти наодите, рече денеска на прес-конференција во Владата, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски. Тој вели дека контроли се направени кај сите фирми кои увезуваат мазут и најави дека секаде каде што има прекршок ќе има одговорност.

„На владина седница се донесоа насоки кои беа дадени на институции, а пред некој ден имаше вонредна владина седница на која се побараа дополнителни информации. Утре ќе има координативен состанок со министерот за економија и државните институции, во вторник ќе се излезе со повеќе информации, истакна Николовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој уверува дека Владата прави се и дека реагирала веднаш. Информациите се дека во одреден период во земјата биле увезувани токсични нафтени деривати опасни по здравјето и животната средина, кои при увоз влегувале како мазут и се користеле како гориво за греење во повеќе државни институции, но и како гориво во приватни компании во земјава.


Слично

Поврзани вести