Економија, финансии, бизнис

Контакт

Контрапротестантите се воздржаа, не излегоа на најавениот протест!

Контрапротестантите се воздржаа, не излегоа на најавениот протест!

Најавениот контра-протест на социјалните мрежи кој беше закажан за во истиот термин како и протестите не се одржа.

Контрапротестантите останаа воздржани и ги послушаа апелите на надлежните да не потпаѓаат под влијание на секакви сценарија чија цел е предизвикување на немири и ширење на етничка омраза.

Имено, протестантите пак за разлика од нив излегоа и денеска, но протестираа мирно без поголеми инциденти и за помалку од два часа толпата која се судри со полицијата се разотиде на повик на редарите.

Меѓу протестантите беше и градоначалникот на град Струга Зијадин Села кој повика на мирен протест и растерување на истиот.

Основниот суд Скопје 1, пак соопшти дека за 30 дена им е продолжен притворот на осумте лица кои учествуваа во протестите на 4 јули пред објектите на Основниот суд Скопје 1 и Скопје 2, а на кои претходно им беше изречена мерка притвор од осум дена.

Во судот денеска бил доставен обвинителен предлог од скопското Основно јавно обвинителство против осумте лица (А.Р., М.Б., Р.В., А.А., Е.И., И.М., Р.Б. и Ф.З.) кои се гонат за кривичното дело „учество во толпа што ќе предизвика кривично дело“. Обвинителството ги товари дека биле дел од поголемата група граѓани кои со камења и други тврди предмети ги оштетиле фасадите на судските објектите и повредиле неколку полициски службеници. Дополнително ќе биде утврден и термин за одржување на главата расправа за конкретниот предмет, соопшти Основниот суд Скопје 1. Согласно Кривичниот законик, за кривичното дело од член 385, став 2, во врска со став 1, предвидени се казни од три месеци до 5 години затвор.

Слично

Поврзани вести