Контрапротестантите остануваат да го „чуваат“ Уставен
Контрапротестантите остануваат пред Уставен суд, да го „чуваат“ се додека е потребно.
Нив ги има од повеќе градови и тврдат дека се дојдени самоиницијативно. Велат дека се против помилување на осудени за изборен криминал, педофили, наркодилери, но од друга страна ја обвинуваат опозицијата дека игра матни игри.
Граѓаните започнаа да се собираат пред судот, по повикот на лидерот на партијата ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски, кој повика граѓаните со жив штит да ги бранат институциите. Јакимовски вели дека никој не смее да ги попречува судиите во носењето на одлуки.
Од ГРОМ први го „окупираа“ просторот, по што приврзаниците на АЈДЕ вчера одржаа протест во близина на Уставниот суд, иако протестот беше закажен пред судот.
Во медиумите се појавија информации дека и за протести и контрапротести се носени луѓе од провинција.
Слично
