Економија, финансии, бизнис

Контакт

Контра ставови, каде оди македонската економија?!

Контра ставови, каде оди македонската економија?!
Либерално демократската партија (ЛДП) изрази загриженост за негативните извештаи за македонска економија, ВМРО ДПМНЕ обвини дека манипулира со јавноста. На денешната прес конференција,  Дејан Блажески од ЛДП посочи дека членовите од оваа партија се сериозно загрижени од серијата негативни извештаи на повеќе светски релевантни институции каде се посочува дека економијата се доближува до дното.
Од ЛДП посочија дека вистината за економијата и состојбата во Македонија најдобро ја чуствуваат самите граѓани. „ЛДП го прашува министерот Ставрески и Владата дали оваа трета по ред најсиромашна земја во Европа, рангирана од Еуростат, е нашата Македонија, онаа истата земја на која и ветуваа економска преродба просперитет, висок стандард на граѓаните, искоренување на сиромаштијата и партнерство во европското семејство", велат од ЛДП.
На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ, од каде преку соопштение ја обвинија ЛДП за манипулирање со граѓаните.
„Да ги потсетиме во ЛДП дека токму во време кога тие беа во коалициона влада со СДСМ, а нивниот тогашен лидер Петар Гошев беше министер за финансии, во Македонија невработеноста достигна рекордно највиско ниво од околу 39%. Тогаш се затвораа фабрики и илјадници луѓе останаа на улица и уште токлу семејства беа на работ на социјалната егзистенција, а истовремено се зголемуваа даноците за граѓаните и фирмите. Тој период, за кој во ЛДП не сакаат да се присетат, ниту имаше должничка, ниту светска економска криза", реагираат од ВМРО-ДПМНЕ . Од  ВМРО-ДПМНЕ се пофалија дека се спроведени голем број реформи во економијата. „Она што е постигнато е вреднувано од релевантни странски субјекти, но пред сè, од самите граѓани кои на ВМРО-ДПМНЕ му ја даваат поддршката во 7 изборни циклуси по ред, реагира ВМРО-ДПМНЕ на барањето на ЛДП власта да признае дека народот и државата тонат во сиромаштија“, се додава во соопштението.
Слично

Поврзани вести