Економија, финансии, бизнис

Контакт

Констатирање на оставките на старите министри од ДУИ

Констатирање на оставките на старите министри од ДУИ

На  собраниската седница закажана за денеска во 12 часот, се очекува да бидат констатирани оставките на министрите на ДУИ, кои ги поднесоа пред три дена.

Се очекува Собранието само да ги констатира оставките на министрите без да има расправа.

Од министерските функции се повлекуваат  Муса Џафери, Абдулаќим Адеми и Фатмир Бесими кои постојано беа дел од владиниот кабинет, но ги менуваа ресорите. Партијата за нивни заменици предлага нови имиња што не се многу познати на  јавноста.

Вчера беше објавено дека новите предлози се  Фестим Халили кој ќе биде министер без ресор (вицепремиер задолжен за европски прашања), Арбер Адеми министер без ресор (вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор), Валдет Џафери, министер за правда, Пиштар Лутфиу, министер за образование и наука, Дритон Кучи, министер за економија, Башким Ахмети, министер за животна средина и просторно планирање, Шухрете Елези, министер за локална самоуправа, Арлинд Зеќири, министер без ресор (задолжен за странски инвестиции).

Нови имиња ДУИ предлага и за четирите заменик-министерски функции, Беким Максути заменик министер за одбрана, Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи, Фатон Положани, заменик министер во Министерство за транспорт и врски и Гзим Беадини, заменик министер во Министерство за финансии.

Слично

Поврзани вести