Економија, финансии, бизнис

Контакт

Константин Димитров: Владата направи добро што не презеде мерки за поскапената нафта

Константин Димитров: Владата направи добро што не презеде мерки за поскапената нафта

За универзитетскиот професор Константин Димитров, член на енергетската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, е добро тоа што Владата, за разлика од некои други земји од регионот, не презела мерки за ублажување на ценовниот шок од поскапувањето на нафтата.

Димитров во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 кажа дека оваа Влада води сметка за покачувањата и ова зголемување на цената на горивата нема да влијае многу на стопанството.

„Владата води сметка и многу внимателно и паметно го размислува. Вели ‘ќе реагираме ако има дополнителна потреба за промена на цена’. Веројатно процениле дека ова зголемување нема ‘да скрши кичма’ на стопанството. Дали ова ќе може да издржи еден месец, тоа не знам. Секое зголемување на цената сите нѐ боли“, рече Димитров.


Слично

Поврзани вести