Конкурс за избор на кандидати кои ќе се школуваат во Воздухопловната академија на САД
Шест кандидати кои ќе се пријават на конкурсот на Министерството за одбрана и ќе ги исполнат бараните критериуми ќе бидат номинирани за упатување на школување во Воздухопловната академија на Соединетите американски држави.
Пријавувањето трае до крајот на 15-тиот ден од одјавувањето на конкурсот (денес е објавен) а оние кои ќе бидат изберени ќе бидат повикани на тест по англиски јазик и математика.
На Конкурсот можат да се пријавуваат кандидати државјани на Република Македонија кои ги исполнуваат општите услови:
- да не се помлади од 17 години и да не им е поминат 23-тиот роденден на 01.07.2016 година; - да имаат завршено средно образование, односно да го завршат средното образование најдоцна до 01.07.2016 година; - да се психофизички способни; - да не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност; Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови утврдени од страна на воздухопловната академија на САД: - да не се во брак; - Добро познавање на Англиски јазик
При изборот на кандидатите, покрај општите и посебните услови се земаат предвид и следните критериуми:
- општиот успех на кандидатите по сите предмети до трета година, - оценките по математика и англиски; - успехот постигнат на тестирањето по англиски јазик. ALCPT тест, со најмалку 75 освоени поени; - успехот постигнат на тестирањето по математика. - освоени награди на републички и меѓународни натпревари по матемтика, физика и англиски јазик. Конечно решение за прием ќе биде донесено од страна на Воздухопловната академија на САД во април 2016. Пријавените кандидати ќе бидат подложени на тестирање од комисија на воздухопловната академија на САД. Тестирањето ќе се состои од Сколастички тест на способности или Американски приемен тест за колеџ.
Кандидатите треба да ги поднесат следниве документи: - Своерачна пријава; - свидетелства за сите три години од средното образование во оригинал или заверени на нотар; - диплома за положен матурски испит во оригинал (за кандидатите што го завршиле средното образование); - уверение за државјанство; - извод од матичната книга на родени; - Доколку има освоени награди на републички и меѓународни натпревари по математика, физика и англиски јазик.
Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават до деловодството на Министерството за одбрана – Сектор за човечки ресурси, на ул. ,,Орце Николов“ бр. 116, 1000 Скопје.
Од Министерството за одбрана ги повикуваат сите млади и амбициозни лица кои ги исполнуваат критериумите да се пријават за Конкурсот.
Целиот конкурс може да го видите тука!
