Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kонфликтот на Блискиот Исток ја зголеми и цената на алуминиумот

Kонфликтот на Блискиот Исток ја зголеми и цената на алуминиумот

Војната меѓу Соединетите Американски Држави(САД) и Израел со Иран сериозно го наруши снабдувањето со алуминиум на Блискиот Исток, што доведе до нагло зголемување на цената на овој метал.

Алуминиумот е клучна суровина во индустрии како што се електроника, транспорт и градежништво, производство на соларни панели, пакување... Без него, нема автомобили, мостови, покриви, авиони, телефони, лаптопи, кабли, лименки за пијалоци, тави и многу други предмети што ги користиме секојдневно.

Токму поради оваа причина медиумите деновиве посветено ја следат неговата цена, која значително се зголеми. Имено, од 28 февруари, кога започнаа конфликтите на Блискиот Исток, до 12 март, тримесечните фјучерси за алуминиум на Лондонската берза за метали (LME) скокнаа до 10 проценти и се стабилизираа на 8 проценти повисока цена на почетокот на минатата недела. Во тоа време, еден тон алуминиум вредеше 3.370 долари, што беше највисока сума во последните четири години. Последната јавно позната цена на овој метал по затворениот ден на LME е од 13 март и изнесува 3.461 долари за тон.

Кина може да застане на патот на зголемувањето на цените

Главната причина за зголемувањето на цената на алуминиумот е затворањето на Ормутскиот теснец, преку кој се транспортираше овој метал. Имено, околу 9 отсто од алуминиумот во светот се произведува во Персискиот Залив, што е количина од седум милиони тони. Најголемиот дел од тој алуминиум, 80 отсто, се извезува, главно во САД и Европа. Сепак, сега транспортот по најблиската рута е оневозможен.

Дополнително влијание врз пазарот предизвика одлуката на компанијата Алба од Бахреин, сопственик на најголемата топилница за алуминиум во светот, да го намали производството за 19 проценти.

Поради сето погоре наведено, како и можноста прекините во снабдувањето да продолжат, аналитичката куќа CRU Group проценува дека цената на алуминиумот би можела да достигне 4.000 долари за тон. Значи, се соочуваме со слично сценарио како со нафтата.

Сепак, треба да се има предвид дека најголемиот производител на алуминиум во светот е Кина, која моментално го ограничува своето производство на околу 45,5 милиони тони годишно со цел да ги намали емисиите на штетни гасови и да спречи акумулација на вишоци. Ова значи дека оваа земја би можела да го ограничи порастот на цената на алуминиумот со зголемување на своето производство, анализира CNBC. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести