Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конференција за отварање нови работни места во Скопје

Конференција за отварање нови работни места во Скопје
Завршната конференција од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог во секторите трговија на мало, земјоделието и прехрамбената индустрија во Словенија, Македонија и Црна Гора“, на тема „Социјалниот дијалог и адаптација на промените”ќе се одржи денеска. Конференцијата ја организира Организацијата на работодавачи на Македонија, а на неа ќе се дебатира за предизвикот за задржување на работните места и отворањето нови, во услови на недостиг од обртни средства во приватниот сектор и намалената кредитна активност што предизвикува опаѓање на инвестициите. Социјалните партнери, репрезентативната Организација на работодавачи на Македонија и репрезентативните синдикати од ССМ, Агросиндикатот и Синдикатот за трговија, заедно со Владата преку Економско социјалниот совет институционално преку социјалниот дијалог во период на светската криза, предлагаат мерки за да ја подобрат бизнис климата.
Слично

Поврзани вести