Коневски најавува продолжување на градежните зафати во Аеродром
Актуелниот градоначалник на Аеродром и кандидат за втор мандат од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Ивица Коневски најави дека идниот месец во општина Аеродром ќе започне изградба на нова улица и паркиралиште покрај булеварот Авној. Улицата ќе се протега од спортскиот центар Јане Сандански па се до булеварот Србија.
Планирана е изградба на 120 нови паркиралишта кои покрај че служат за новите објекти крај Вардар, а оваа инвестиција треба да биде готова до крајот на годинава. За неа се предвидени 54 милиони денари.
Овој дел, како што рече Коневски досега беше запуштен и немаше изградено инфраструктура, а сега ќе прерасне во едно прекрасно место кое ќе биде од голема корист како за жителите на населбата Јане Сандански, така и за жителите на општина Аеродром.
Слично
