Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конечно точен зодијак: Вашиот хороскопски знак речиси сигурно НЕ е оној што мислите дека е

Конечно точен зодијак: Вашиот хороскопски знак речиси сигурно НЕ е оној што мислите дека е
Иако „официјално“ речиси никој не верува во астрологијата, многу од луѓето повеќе или помалку редовно го следат хороскопот. Но, најчесто следат погрешни знаци, велат некои астролози. Поентата е во тоа што знаците на зодијакот се одредени пред повеќе од 2.000 години, а во меѓувреме соѕвездијата ја смениле својата местоположба на небото, па веројатно и не сте родени под ѕвездата како што вели еден типичен ѕвезден водич. Овие се традиционалните датуми: Риби 19 февруари-20 март Овен 21 март – 20 април Бик 21 април – 21 мај Близнаци 22 мај – 21 јуни Рак на 22 јуни – 22 јули Лав 23 јули – 22 август Девица 23 август – 22 септември Вага 23 септември – 22 октомври Шкорпија 23 октомври – 21 ноември Стрелец 22 ноември – 21 декември Јарец 22 декември – 20 јануари Водолија 21 јануари – 18 февруари А ова е попис на соѕвездија кои, всушност, НАВИСТИНА биле зад Сонцето на денот кога сте се родиле. За околу 86% од луѓето резултатот нема да биде ист. Јарец 21 јануари – 16 февруари Водолија 17 февруари -12 март Риби 13 март – 18 април Овен 19 април – 14 мај Бик 15 мај – 21 јуни Близнаци 22 јуни – 20 јули Рак 21 јули – 10 август Лав 11 август – 16 септември Девица 17 септември – 31 октомври Вага 1 ноември – 23 ноември Шкорпија 24 ноември – 29 ноември Стрелец 19 декември – 20 јануари „Врз Земјата дејствува гравитацијата и на Месечината и на Сонцето и тие создаваат ефект на нестабилност во движењето на Земјата. Овој ефект се нарекува прецесија и Земјата се однесува како врвот на дундарак што се врти“, објаснува д-р. Радмила Топаловиќ. Постои и тринаесетта констелација која е намерно изоставена за да може зодијакот убаво и уредно да се подели на 12 делови. Таа се вика Змијоносец и тоа е вашиот знак ако сте родени меѓу 30 ноември и 18 декември. Ваквото правилно гледање на хороскопот можеби на некои подобро ќе им објасни некои работи, ама на некои дури сега ништо нема да им биде јасно.
Слично

Поврзани вести