Конечно пуштена во употреба новата шестоседна жичница на Попова Шапка
По две години чекање, ЕЛЕМ Турс конечно ја пушти во употреба новата шестоседна жичница во најголемиот зимски туристички центар во Македонија - Попова Шапка.
Новата аквизиција го означи стартот на работата сп присутво на техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Садула Дураки, министерот Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски и управителот на ЕЛЕМ Турс Џемаиљ.

Работата на овој проект се движеше во застој повеќе години, а требаше да биде реализиран минатата скијачка сезона.
Иницијативата „Спас за Попова Шапка“ тврдеше дека АД ЕСМ не ѝ пушта електрична енергија на фирмата ќерка ЕЛЕМ Турс, која ја градеше шестоседната жичница, и дека поради тоа се одложува техничкиот прием.

Слично
