Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конечно поевтини нискобуџетни летови во Македонија

Конечно поевтини нискобуџетни летови во Македонија

Горан Сугаревски, министерот за транспорт и врски, денеска изјави дека комисијата за евалуација ги прифатила критериумите под кои „Виз ер“ аплицирал на повикот за субвенции на нискобуџетните летови од Македонија.

Претходниот договор за субвенционирање на нискобуџетните летови на „Виз ер“ истече во јуни и од тогаш авиопревозникот аплиццираше дури три пати како единствен кандидат на повикот, кој претходните два пати беше поништуван.

Сугарески потврди дека компанијата е подготвена да ги задоволи новите услови кои се бараат од неа за аеродоромот „Св,Апостол Павле“ во Охрид.

- Исполнети се сите критериуми и според нив Wizz Air има голема обврска да започне со 4 нови дестинации наредната 2019 година, изјави актуелниот министер ѕа транспорт и врски Горан Сугаревски. 

„Согласно критериумите авиокомпанијата ‘Визер‘ има обврска да започне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот ‘Свети Апостол Павле‘ во Охрид и тоа првите две до 26 март 2019 година, а останатите две во рок од една година од денот на склучување на договорот. Исто така има обврска да воспостави и две нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје до 26 март 2019 година и истите да ги опслужува најмалку две години. Сакам да ѝ честитам на компанијата „Визер“. Тие и понатаму остануваат сериозен партнер на Владата во развој на авиосообраќајот во земјава“, рече министерот Сугарески. 

„Виз ер“ кај нискобуџетните летови практично е монопол во Македонија и контролира повеќе од 95 отсто на тој пазар.

Од буџетот на Република Македонија за субвенционирање на нискобуџетната компанија од 2019 до 2022 година, предвидени се 5 милиони евра. „Визер“ ќе добие еднократна финансиска поддршка во износ од 40.000 евра за секоја нова дестинација воведена од Меѓународен аеродром Скопје и аеродром „Свети Апостол Павле“ 

Слично

Поврзани вести