Конечно по 60 години, Преспа доби нов современ пазар
Жителите на Преспа од денеска имаат современ пазар што ги исполнува сите стандарди.
Објектот е сопственост на инвеститорот Пеце Џуровски, а со него ќе стопанисува јавното комунално претпријатие „Пролетер“.
„Ова е историски чекор за Преспа. Добивме максимално функционален пазар, од затворен тип, со сите стандарди. Зафаќа 600 метри квадратни површина и има 100 продажни места кои ги задоволуваат хигиенските норми“, рече градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски по пуштањето во употреба на објектот. Со отворањето на новиот, целосно се затвора стариот пазар кој функционираше речиси 60 години.
Градоначалникот Стрезовски изрази јавна благодарност до сограѓанинот Пеце Џурковски кој работи во Германија, а своите средства ги вложува во родниот крај.
