Конечно „нормално“ лето: Температури и до 40 степени!
Сончево и топло ќе биде времето во Македонија денеска, но и до крајот на работната недела, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролозите предвидуваат дека конечно граѓаните ќе почувствуваат лето на какво сме навикнале, а во следните неколку дена за првпат летово температурата ќе се искачи и до 40-от степен.
Максималната дневна температура денеска ќе достигне до 37 степени целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8. Во следните неколку дена дневната температура уште повеќе ќе се зголемува.
Нè очекуваат неколку тропски дена, од кои најтопло ќе биде во четврток кога максималните дневни температури ќе се движат од до 40 степени. Сончево и многу топло бреме со слаб ветер се очекува да се задржи до петок.
Одредено разладување метеоролозите најавуваат за в сабота со пад на температурите и можност за локални врнежи дожд.
Слично
