Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОНЕЧНО ЌЕ ШЕТАМ СЛОБОДНО ПО УЛИЦИ, Првата изјава на една од жртвите по веста за смртта на Малачанскиот бербер

КОНЕЧНО ЌЕ ШЕТАМ СЛОБОДНО ПО УЛИЦИ, Првата изјава на една од жртвите по веста за смртта на Малачанскиот бербер

По смртта на Нинослав Јовановиќ, познат како берберот од Малчан или Малачанскиот бербер, кој почина во болница, се огласи една од неговите жртви. 

Јовановиќ на 5 август минатата година беше законски осуден на доживотен затвор за киднапирање и продолжено кривично дело силување, чија жртва беше дванаесетгодишното девојче М.К.

По веста за смртта на берберотод Малчан, за „Новости“ проговори девојчето М.К., со согласност на нејзините родители.

- Конечно е готово. Чекам еден ден да свртам нов лист, да се посветам - рече таа и додаде дека „сега конечно улиците ќе бидат слободни за одење“.

Да потсетиме, Управата за извршување на кривични санкции на Министерството за правда на Србија посочува дека на осудениот Н.Ј., синоќа по 22 часот му се слошило во просторијата каде што бил сместен. 

Веднаш бил префрлен во стационарното одделение на установата, каде му била укажана секаква лекарска помош и веднаш било извршено ЕКГ на срце. Потоа со возило на Итна медицинска помош на установата и придружуван од медицински техничар бил префрлен во Општата болница во Пожаревац на Одделот за интензивна нега. По неколку часа тој починал таму. 

За се е известено Вишото јавно обвинителство во Пожаревац и полицијата. Наредена е обдукција согласно законот.

Слично

Поврзани вести