КОНЕЧНО ДОГОВОР: козметика или вистински излез од политичката криза?
Според неофицијалните информации, договорено е премиерот Никола Груевски да се повлече од премиерската фунцкија до крајот на годинава, а до средината на јануари да биде избрана влада со нов премиер.
Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија Никола Груевски на ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев на СДСМ, Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА под покровителство на еврокомесарот Јоханес Хан во рануте утрински часови (01.30 по полноќ) обзнанија дека постигнале договор.
Во кусата изјава по средбата , еврокомесарот Хан на новинарите пред резиденцјата на ЕУ во Пржино изјави дека е постигнат договор и дека избори ќе има.
„Имаме договор, потпишан од лидерите, задоволен сум од тоа што се постигна, со ова ќе се отворат вратите на земјата за ЕУ и НАТО-интеграцииte. Треба да сме горди на лидерите“, изјави еврокомесарот Хан.
Официјално никој не соопштува за што се разговарало. Неофицијално договорена е оставка на премиерот Никола Груевски во или до јануари 2016 година. Еврокомесарот Хан кажа дека разговарал по телефон со Викторија Нуланд, во кој ја известил дека е постигнат договор.
На својот Твитер-профил, европратеникот Ричард Ховит, напиша дека е постигнат договор за враќање на опозицијата во парламентот, за воспоставување нова влада и за предвремени избори.
Според неофицијалните информации, договорено е премиерот Никола Груевски да се повлече од премиерската функција околу нова година, а до средината на јануари да биде избрана влада со нов премиер. Според информациите МВР и министерството за труд и социјална политика ги добива СДСМ, со тоа што за МВР ќе треба да предложи непартиски кандидат, потоа заменици министри со право на вето, опозиционерите добиваат во финансии, земјоделство и министерството за јавна администрација. Неофицијално договорено е 15 октомври преодна влада. Договорен бил и специјален обвинител кој ќе ги истражува снимките од политичките бомби кои ги обелодени лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според некои информации, се очекува и нов јавен обвинител од 15 септември, а преодна влада од средината на октомври.
Слично
