КОНЕЧНО ДАДЕНО ОДОБРЕНИЕ: Земјите на ЕУ почнуваат трговски преговори со САД
Земјите на Европската унија денеска конечно дадоа одобрение за почнување на официјални трговски разговори со САД.
Оваа одлука е официјализирана по повеќемесечното одолжување поради отпорот на Франција, пренесе Ројтерс.
На крај, владите на ЕУ гласале со јасно мнозинство за да ги одобрат преговарачките мандати кои ги предложила Европската комисија. Франција гласала против, додека Белгија била воздржана.
Комисијата која ја координира трговската политика за 28 члената Европска унија, сака да започне преговори на два правци - еден за намалување на тарифите за индустриска роба, а други да им олеснат на фирмите да покажат производи кои ги задоволуваат стандардите на ЕУ или САД.
Foto: Thinkstock
Слично
