Економија, финансии, бизнис

Контакт

Конечни извештаи: Која партија, колку потроши за изборната кампања?

Конечни извештаи: Која партија, колку потроши за изборната кампања?
Според финалните извештаи на политичките партии за финасирање на изборната кампања за време на локалните избори 2013 та, според сумата на собрани и потрошени пари предничи владеачката ВМРО ДПМНЕ, односно Коалицијата предводена од оваа партија. Еве колку пари од каде обезбедиле и како ги потрошиле партиите. КОАЛИЦИЈА “ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА“ – ВМРО ДПМНЕ : Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори 2013 та година за избор на градоначалник на Градот Скопје и за избор на градоначалници во другите градови потрошила 1 милион и 696 милиони евра. Во официјалниот конечен извештај, Коалицијата посочува дека од донатори собрала 1 милион и 543 илјади евра. Колицијата за избор на градоначалник на Скопје и градоначалници на другите градови, потрошила 153 илјади евра, повеќе отколку што собрала преку донации. Овој минус, како што пишува во Финансискиот Извештај ќе биде надополнет со буџетските средства, согласно Изборниот Законик. Доплнително, Коалцицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ потрошила уште околу 300 илјади евра за избор на членови на советот на Град Скопје и на советници во дуги општини, по што вкупната пријавена потрошена сума изнесува 1,8 милиони евра. На списокот на донатори за финасирање на кампањата за градоначалник на Град Скопје и за другите кандидати за градоначалници,  се објавени имиња на 1 686 лица, фирми и медиуми кои во различна форма, од паричен надоместок – до услуга, донирале за финансирање на изборната кампања. Најниската донирана сума на конечните списоци доставени до надлежните институции, изнесува  3 000 денари. На списокот се и повеќе од 30 тина имиња на печатени и ТВ медиуми кои преку формата на “услуга“ се регистрирани како донатори на Изборната Кампања. Токму за рекламирање, Коалцијата “За подобра Македонија“ потрошила 1,5 милиони евра. Следна ставка се трошоците за копирање, печатење и издавање, за што биле потрошени 35 илјади евра. КОАЛИЦИЈА “СОУЈЗ НА ИДНИНАТА“ – СДСМ : За време на локалните избори 2013 та година, Коалцијата предводена од СДСМ потрошила 452 илјади евра, или трипати помалку од партиите на власт.Според финансискиот извештај, опозиционерите прикажале приходи од донации во вредност од 452 илјади евра и исто толку пари на расходната страна. На листата на донатори се појавуваат 22 имиња на поединци и на фирми од кои биле обезбедени 10 илјади евра. СДСМ пред стартот на локалните избори објави дека кампањата ќе ја финасира преку кредитно задолжување кај Комерцијална Банка, така под ставката “приходи од други субјекти“ е прикажан прилив од 443 илјади евра. Опозициската Коалиција за рекламирање на програмите на своите кандидати за градоначалници и членови на општинските совети потрошила 221 илјади евра. За транспортни трошоци се одлеале 86 илјади евра. Според финасискиот извештај, СДСМ прикажа вишок на пари од околу 300 денар. ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА, ДУИ : И владеачката партија од албанскиот блок, ДУИ прикажа разлика меѓу прихдната и расходната страна на финасиката сметка за време на локалните избори. Според Финансискиот Извештај, приходите што ДУИ ги обезбедила од донации се во вредност од 229 илјади евра, додека на расходната страна трошењата изнесуваат 359 илјади евра. Трошењата се поголеми од обезбедените пари за 129 илјади евра, или толку изнесува минусот на сметката на ДУИ, наменета за финасирање на изборната кампања. На донаторската листа на ДИУ се регистрирани околу 40 тина лица и фирми кои во различни форми финасиски учествувале во поддршка на изборната кампања. Првите донации на сметката на ДУИ пристигнале на крајот од месец февруари а најниската поединечна донација изнесува 100 000 денари. За рекламирање на своите кандидати, ДУИ потрошила 350 илиајди евра, додека за транспорт сумата изнесува околу 4 000 евра. ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА АЛБАНЦИТЕ, ДПА: Опозициската ДПА, според официјланиот финасиски извештај, од донации на локалните избори 2013 та година собрала нешто повеќе од 16 илјади евра а порошила скоро 30 000 евра, по што разликата во собраните и потрошените пари изнесува околу 13 000 евра. За рекламирање на партиските актиности и програми, ДПА платила нешто повеќе од 8 илјади евра. Најмногу пари, или 21 000 евра,  оваа партија трошела за ставката “изнајмување на простор и опрема“. На листата донатори на ДПА се појавуваат 20 тина физички лица со поединечни донации од најмалку 30 тина илјади денари. Првите донирани средства биле депонирани на средината од месец февруари. Според новите законски правила, партиите беа обврзани да објават и делумни финасиски извештаи по истекот на првите две недели од изборната кампања. Според правилата што ги предвидува Изборниот закони, граѓаните поединечно можат да донираат по 5 000 евра додека донацијата на фирмата не смее да надмине 5 % од вкупниот приход.      
Слично

Поврзани вести