Кондарко поднесува оставка од ДИК?
Првиот човек на Државната изборна комисија Борис Кондарко, може наскоро да поднесе оставка, најави вчера претседателот на СДСМ Зоран Заев. Во анализа на 24 вести Заев рече дека оваа опција е разгледувана во опозиционата партија.
Според Заев, станува беспредметно учеството на претседателот на ДИК во комисијата, во услови кога сите одлуки во комисијата се носат со надгласување. Во таква атмосфера, тој не може да влијае на подобрување на начините за организирање на фер и демократски избори во иднина, па неговото учество во ДИК е ставено под знак прашање, рече лидерот на СДСМ.
Во март идната година се очекува да се одржат редовни претседателски избори, а не е исклучена опцијата со нив да се одржат и предвремени парламентарни избори. Опозицијата се закани дека без фер услови, нов изборен законик и почитување на правилата на ОБСЕ, прочистен избирачки список нема да оди на избори.
Слично
