Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кондарко даде оставка од ДИК, Премиерот смета дека Заев е крив

Кондарко даде оставка од ДИК, Премиерот смета дека Заев е крив
Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко поднесе оставка, од СДСМ бараат нов претседател, а премиерот Груевски вели дека ова се прави за да се спречат предвремени избори, по налог на Заев. Во пишаната изјава Кондарко вели дека дава оставка од лични причини. „Сметам дека дадов свој придонес во работата на Државната изборна комисија“, посочува тој. Со оглед на фактот што Кондарко е претседател на ДИК на предлог на опозициската СДСМ, таму сега се прават договори, кој да биде новиот претседател на ДИК. Како што изјави Оливер Спасовски, генерален секретар на партијата, оттаму не сакаат да биде закочена работата на ДИК, туку да може ефикасно да работи. „Затоа очекуваме веднаш на првата наредна седница на Собранието да се констатира оставката и да се започне процедура за избор на нов претседател на ДИК,“ изјави Спасовски кој сепак не открива детали за тоа кои се потенцијалните кандидати нов претседател на ДИК од опозицијата. Спасовски ги отфрли и тврдењата дека со повлекувањето на Кондарко би можело да дојде до одложување на евентуални предвремени избори и истакна дека ДИК има заменик претседател и мнозинство, па бели може без проблем да функционира. За премиерот Груевски пак, Кондарко не требало понизно да постапува по одлуката на СДСМ бидејќи е на државна функција и одговара пред граѓаните. Тој обвини дека на овој начин опозицијата се обидува да направи политичка криза и најде алиби за поразот, односно ако има можности за предвремени избори да ги спречи тие избори. „Крајно непринципиелно и неодговорно е претседателот на партијата да објавува дека му дал задача или наредба на претседателот на Државната изборна комисија, независно што го делегирала неговата партија, дури би рекол и прилично понижувачки е за самиот Кондарко кога неговиот партиски шеф кој во основа не би требало на таков начин да се однесува, а уште помалку би требало самиот Кондарко така понизно да постапува со одлуката на партијата, затоа што тој е на државна функција и одговора пред граѓаните во државата и не треба да се однесува така како што се однесува“, смета премиерот кој обвини дека ова станува пракса на СДСМ.
Слично

Поврзани вести