Концесионерите во шок, Владата смирува – ќе се одложи поскапувањето на концесиите
Голем шок за рудниците, каменоломите и мермерните комбинати. Владата најави дека ќе го менува тарифникот за концесии за 50 проценти. Од Македонската асоцијација за рударство не го прифатија ваквото поскаување на концесијата. Сметаат дека ќе биде тежок удар за стопанството и секторот за кој велат дека едвај се крепи на нозе.
Според Николајчо Николов од Асоцијацијата, растот од 50 проценти за концесиите е лоша мерка за фирмите бидејќи тие веќе ги имаат направено буџетите.
„Ако тоа е вистина би било многу лошо за нас зашто сите фирми веќе ги донесоа своите буџети, а токму концесискиот надомест има значителна улога во вкупното финансиско работење. Ќе побараме од Владата и Министерството за економија да се одложи примената на тарифникот“ изјави Николов кој додаде дека иако рударството бележи подем, не смее да се носат одлуки кои ќе го закочат растот.
Монистерот за економија, Ваљон Сарачини пак истакна дека веќе е одложено воведувањето на новиот тарифник поради барањата на концесионерите.
Македонија има најевтин тарифник за концесии, смета тој. „Ако се види профитот на компаниите кои го остваруваат во Секторот рударство мислам дека е редно значителен дел од тоа да оди како приход на државата“ , вели министерот.
Министерот Сарачини додаде дека ќе има усогласување и дека цената нема да е повисока од ниту една земја во регионот.
„Секогаш цените ќе бидат изедначени или пониски од регионот зашто примарна цел на оваа Влада е да има компаративни услови за правење бизнис во Македонија“,вели Сарачини.
Од 93 концесии за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини кои се дадени годинава,на сметката на државата и општините се уплатени над околу 550 милиони денари.
Слично
