Кон Владата се пукало со рачен ракетен фрлач?
Двата проектили кои завршија во зградата на Владата во вторникот, најверојатно дошле од рачен ракетен фрлач, објавуваат дневните весници „Дневник“ и „Утрински весник“, повикувајќи се на експертски извори.
„Утрински весник“, повикувајќи се на толкувања на проефесионални војници, објавува дека напаѓачите најверојатно биле вешти во ракување со ваков ти на оружје, оти со него не може да ракува секој.
Нивните толкувања одат во насока дека во нападот била искористена противпешадиска распрснувачка ракета.
Експерти за „Дневник“, пак, проценуваат дека во нападот најверојатно бил употребен рачен ракетен фрлач од типот РБГ-6, кој се користел во војните во поранешна Југославија, но чија верзија и денеска се користи во судирите на Блискиот Исток.
„Оружјето со кое било пукано во вторникот врз зградата на Владата најверојатно било од ист тип како оружјето користено во нападот во 2007 година“, пишува „Дневник“.
МВР го заврши вештачењето на проектилите кои завршија во владината зграда, на калибарот и правецот од кој биле упатени. Но, во јавноста не се откриваат повеќе детали во корист на истрагата. Резултатите се испратени во Јавното обвинителство.
Сличниот напад што се случи во 2007 година, кога исто така два проектили завршија во близина на владината зграда, до денеска не е расветлен.
Слично
