Кон вели дека ќе има заклучување во Србија ако бројот на заболени од коронавирусот не се намали
Втор ден по ред Србија има екстремно висок број на заразени со коронавирусот.
Ако не се подобри епидемиолошката состојба, можно е да има заклучување. Епидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, вели дека постојат две можности за земјата: или нешто ќе се направи или на Србија ѝ се заканува ново затворање. Тој кажа дека медицинскиот дел на кризниот штаб се залага за воведување ковид-сертификати за кои сметаат дека се најрационалното решение.
За 24 часа, во Србија се регистрирани 8.171 заразени со коронавирусот и 45 починати, што е повторно голем број заразени на дневно ниво. Србија вчера имаше рекорден број од 8.467 заболени. Овие два дена земјата урива рекорди.
Слично
