Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кон вели дека бројот на починати во Србија е поголем од официјалниот и бара затворање на 10 дена

Кон вели дека бројот на починати во Србија е поголем од официјалниот и бара затворање на 10 дена

Лоша е епидемиолошката состојба во Србија. 

Епидемиологот Предраг Кон во гостување на РТС изјави дека во Србија бројот на починати од последици на коронавирусот е далеку поголем од регистрираниот. Тој објаснува дека тоа е последица на различните начини на следење. Кон предлага затворање на 10 дена на сите несуштински дејности.  Бидејќи е член на Кризниот штаб, рече дека предлогот е да се скрати работното време, како и 10 дена да работат само оние дејности, како што вели, што се од витално и суштинско значење. Тој рече дека членови на медицинскиот дел од Кризниот штаб имале консултации со премиерката Ана Брнабиќ и дека инсистирале да се направи она што го предложиле. Кон вели дека е побарано да се забранат јавни собири на повеќе од пет луѓе, што би спречило масовна инфекција. Во Србија досега над 9.000 луѓе починаа од коронавирусот. Србија дневно има и по 6.000 заразени со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести