Кон предупреди што ја чека Србија
Омикрон доминира во Србија. Епидемиологот и член на кризниот штаб во Србија, Предраг Кон, во изјава за тамошните медиуми ја коментира влошената епидемиолошка состојба во Србија, но и предупреди дека земјата е нападната од коронавирусот и дека бројот на новозаразени ќе биде со пет цифри на ден.
„Јасно видовме дека Новата година ќе биде поттик за нагло влошување на епидемиолошката состојба. Зголемувањето на бројот на заболени почна уште пред пречекот. Сè што се организира за Нова година не требаше да се случи, едноставно не смееше“, изјави Кон.
Сите земји во регионот уриваат рекорди. Србија имаше и над 9.000 заразени дневно.
Слично
