Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кон ги опомена српските граѓани дека се непослушни

Кон ги опомена српските граѓани дека се непослушни

Сериозно сме непослушни, влошувањето на состојбата е евидентно, вели членот на Кризниот штаб на Владата на Србија, Предраг Кон. 

 Вели дека секогаш треба да се опоменува дека маски мора да се носат.

„Опуштањето зема замав. Некои (противепидемиолошки) мерки се доживуваат како непријатност, како да е срам да се потсетува некој дека треба да носи маска“, рече тој за РТС.

Српскиот претседател Александар Вучиќ стравува дека летово ќе има „експлозија“ на коронавирусот. Тој се плаши од новите соеви. 

Во регионот, брзо расте бројот на заразени во Грција.  За 24 часа имаат повеќе од 2.000 заразени. 

Слично

Поврзани вести