Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кон Битола, Кичево и Кочани сообраќаат нови возови

Кон Битола, Кичево и Кочани сообраќаат нови возови

Пуштени се нови возови на линиите кон Битола, Кичево и Кочани, информираат од Македонски железници.

Наместо досегашните пет, од вчера кон Битола сообраќаат шест пара возови, на релација Скопје-Кичево-Скопје уште два нови пара, исто како и на релација Скопје-Кочани-Скопје. На релацијата Скопје-Велес, ќе патуваат вкупно 14 пара возови, во двете насоки.

Новиот возен ред функционира од вчера.

Железничкиот патнички сообраќај кон Табановце, Гевгелија и Волково останува непроменет. Кон Табановце ќе возат шест пара возови, кон Гевгелија  три, а кон Волково еден пар.

Слично

Поврзани вести