Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМШИЌ: Усвојувањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница стави крај на повеќедеценискиот процес

КОМШИЌ: Усвојувањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница стави крај на повеќедеценискиот процес

Босна и Херцеговина од сето ова излегува посилна, порача од Генералното собрание на ОН, каде се усвои Резолуцијата за Сребреница, Жељко Комшиќ, член на Претседателството на БиХ, пренесува „Н1“. 

Тој кажа дека имало нервозата и некохерентното однесување на некои функционери од Република Српска

„Усвојувањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница на Генералното собрание на Обединетите нации стави крај на повеќедеценискиот процес, кој започна со обвинението за геноцид, продолжи со изрекување правосилни пресуди пред меѓународните судови, а денес конечно заврши со усвојувањето на Резолуцијата во Обединетите нации. Со ова, на светско ниво, по правниот консензус кој беше изразен преку пресудите на судот формиран од Обединетите нации, беше постигнат политички консензус за прашањето за геноцидот што беше извршен во Босна и Херцеговина, односно во Сребреница. . Мислењето на оние кои се надвор од постигнатиот правен и политички консензус воопшто не е релевантно“, изјави тој.

Комшиќ вели дека ова било и можност за „преживеаните жртви на геноцидот да свртат нова страница во нивните животи“. 

Претседателот на Република Српска – Милорад Додик изјави дека што се однесува до демократскиот свет и она што не учат, резолуцијата за Сребреница денеска не доби мнозинство во Генералното собрание на ОН, не успеа.

„На гласањето видовме дека за резолуцијата гласаа 84 земји, што не е ниту огромно мнозинство“, нагласи Додик.

Повтори дека Владата на Република Српска го покренала прашањето за мирно одвојување од Федерацијата Босна и Херцеговина. 

фото Н1

Слично

Поврзани вести