Економија, финансии, бизнис

Контакт

Комшиќ: Победата на Заев ја доживуваме како наша победа

Комшиќ: Победата на Заев ја доживуваме како наша победа

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, му честиташе на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Зоран Заев, за неговата победа на парламентарните избори, пренесува Дневни Аваз.

- Драг господине Заев, примете ги искрените честитки за изборната победа на вашата партија на последните парламентарни избори во Северна Македонија. Под ваше водство, Северна Македонија во изминатите неколку години направи значителни чекори на евроатлантскиот пат и со тоа придонесе за стабилизирање на односите во регионот.

Искрено се надеваме дека вие и Социјалдемократскиот сојуз, врз основа на резултатите од изборите, во иднина ќе бидете клучен политички фактор во нашата пријателска Северна Македонија. Победата на демократските сили во Северна Македонија ја доживуваме како наша победа - вели Комшиќ.


Слично

Поврзани вести