Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОМПЛЕТЕН АВТОПАТ: Од Скопје до Охрид!

КОМПЛЕТЕН АВТОПАТ: Од Скопје до Охрид!
Сон или реалност. Се најавува целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид. Министерот за транспорт Мисајловски од трибина во Струга најави дека идната година ќе стартува изградбата на делницата Гостивар - Кичево. Изградбата на автопатите долго време не беше во фокусот на Владата, а прв пат премиерот ги спомена на почетокот на 2013 та година, од кога почна и изградба на неколку делници низ Македонија. Автопатите се градат со кинески кредити вредни над 500 милиони евра, со рок на отплата од 20 години, пет години грејс период и каматна стапка од 2 процентни поени. Мисајловски нагласи дека над една милијарда евра се инвестирани во патната инфрастуктура на територија на целата земја. Автопатот на делница Скопје – Свети николе – Штип чини 206 милиони евра,  а автопатот на делницата Кичево-Охрид  е вреден 374 милиони евра.
Слично

Поврзани вести